Поезијата е огледало на срцето и глас на душата. Таа е она чувство кое не може да се опише без да се запише, таа е мост помеѓу реалноста и совршенството.
Денес го одбележавме 21 Март- Светскиот ден на поезијата. По тој повод наставниците по македонски јазик во нашето училиште организираа творење, поетско читање и рецитирање на кое учество земаа учениците од VI до IX одделение, идни поети и уметници.
Убавината на пишаниот збор повторно ги разнежни нашите срца. Нека ни е честит Светскиот ден на поезијата!





