Денот на пролетта го одбележавме со низа активности спроведени од нашите ученици од одделенска и предметна настава. Вредните раце на нашите ученици ги разубавија жардиниерите во училишната градина, како и на влезот на училишната зграда.
Садници од гуми обоени во разни бои се поставени во училишниот двор, а учениците побрзаа истите да ги исполнат со разновидни цвеќиња.
Искажуваме благодарност до наставниците од одделенска настава Анета Утковска и Маја Димковска за организирање и координирање на активностите, до хаусмајсторот Дејан Калиновски и Александар Трајковски за изработката на гумите, како и до родителите за донацијата на цвеќиња.






