Освоено ПРВО место на училишната олимпијада „Бутелски Сезнајковци 2024“

На 11.3.2024 година се одржа олимпијадата „Бутелски Сезнајковци 2024“ во организација на Општина Бутел. Нашето училиште беше претставено од учениците Матео Слезенковски, Огнен Деспотовиќ, Теодора Георгиевска и Давид Димитров. Тие беа бодрени од група ученици од нашето училиште, а беа во придружба на предметниот наставник Катерина Николовска. Учениците се натпреваруваа во неколку категории, а крајниот […]
Одбележан 8ми Март, Светскиот ден на Жената

8ми Март, Светскиот ден на Жената го одбележавме со низа активности со учениците од прво до петто одделение. Изработки, честитки, рецитали и картички беа дел од пораките кои учениците ги подготвија со нивните наставници за овој посебен ден.
Одбележан Светскиот ден на Енергетската Ефикасност

Денес е светски ден на Енергетската ефикасност, по тој повод наставниците по физика, хемија и биологија Јоана Искова, Јасминка С. Вељковска и Љупка А. Таневска им презентираа на учениците од VIII А, VIII Б и V А одделение начини на штедење на енергија, материјали кои се користат при изолирање на објекти како и неколку играчки […]
Реализиран училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2024“

На 5.3.2024 година по втор пат се одржа училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2024“ во организација на општина Бутел а под покровителство на Градоначалникот Дарко Костовски. Учествуваа ученици од осмо и деветто одделение, кои ги мереа своите знаења за материјал по разни наставни предмети. Координатор на квизот беше наставничката Катерина Николовска, а беа присутни и претставници […]
Обука за давање Прва Помош

Во организација на наставникот по ФЗО, Марјанчо Дамјановски, преставници од Црвен Крст – Чаир Kryqi i Kuq – Çair одржаа освежителна обука за наставниците и стручната служба од училиштето. Обуката опфати начини и постапки за давање на прва помош на повредено лице.
Парична награда од Пакомак за учениците од II A одделение

Нашите вредни ученици од II A одделение добија симболична награда за нивниот труд за учество во проектот Trash4art. Trash4art 2024
Изработка на мартинки за први март

Го одбележуваме првиот ден на месец март – Баба Марта со изработка на мартинки во I В , II A и IV Б одделение.
Резултати од општински натпревар по природни науки

Објавени се резултатите од општинскиот натпревар по природни науки одржан на 23.2.2024 година, а нашите ученици кои учествуваа ги остварија следните резултати: IV А одделение – ментор Теодора Стојоска Давид Јорданов – III награда Антонија Гајдов – III награда Ѕвездан Антанасов – III награда IV Б одделение – ментор Маја Димковска Ангела Димитријов – II […]
Посета на СУГС „Лазар Танев“ Скопје

“Најаден човек е среќен човек”, тоа ни беше денешното мото со кое го започнавме овој ден. Учениците од IX одделение заедно со нивните класни раководители имаа чест да посетат една интересна, практична и поучна работилница во SUGS “Lazar Tanev” во Скопје. Голема благодарност до професорот Дејан Христовски или Шеф Дени, сите вработени и учениците во […]
Направена истражувачка активност во III В одделение

Учениците од III В одделение заедно со наставничката Маја Дрндаревска на часот по природни науки спроведоа истражувачка активност: Мерење на сила на тела. Учениците во група и со помош на родителите направија динамометар од рециклиран материјал, додека пак на часот спроведоа мерење на полно, празно и полу празно шише со вода.