Работилница за меѓуврсничко насилство

Денес со учениците од III Б одделение се одржа работилница на тема „Меѓуврсничко насилство“ под менторството на одд. наставник Даниела Салтирова Кочијева во соработка со родител – Ивана Рајчиќ Бошковска, а на истата присуствуваа директорката др. Снежана Петреска и психологот Ивана Кметовска. Учениците се запознаа со поимот насилство, последиците од насилството и мерки кои се […]
Манифестација по повод прием на првачиња во учебната 2025/26 година

Училишното ѕвоно го означи почетокот на првиот училишен ден за сите ученици. Денес во нашето училиште смело зачекорија и нашите првачиња. Беше подготвена кратка манифестација на која пред присутните се обратија градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и директорката на училиштето Снежана Петреска, кои посакаа успешен почеток на сите ученици. За сите првачиња беа подготвени […]
Известување за почеток на учебната 2025/26та година
Донација на ИТ опрема

Со цел на унапредување на образовниот процес во основното образование, Министерството за образование и наука донираше ИТ опрема на нашето училиште, односно преносни компјутери и принтер. Искажуваме благодарност до Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës и до министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска за оваа донација.
Учество на ликовната колонија „Љубанци 2025“

Учество на ликовната колонија „Љубанци 2025“ одржана на 19.6.2025 година со ученици од одделенска и предметна настава.
Известување за летни кампови и екскурзии
Реализиран еднодневен пролетен излет во Сарај

Во рамките на годишната програма за воннаставни активности и со цел збогатување на искуствата на учениците преку непосредно доживување и зајакнување на тимскиот дух, на 9 јуни 2025 година организиравме еднодневен излет во Сарај. Излетот помина во одлична атмосфера. Учениците уживаа во убавините на природата и имаа можност да се забавуваат, но и да ја […]
Резултати од државниот натпревар по биологија

На 31.5.2025 година се одржа државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-математички факултет. Учествуваа ученици од VII и VIII одделение под менторство на предметниот наставник Љупка Ангеловска Таневска. Ученичката Ангела Јованчова од VIII одделение ја освои високата втора награда, додека пак останатите ученици се здобија со пофалници и сертификати за учество. Искажуваме честитки за […]
Посета на Природно-научниот музеј

На 30.5.2025 година се реализираше посета на Природно-научниот музеј во Скопје. Учениците од VIII одделение имаа можност одблиску да се запознаат со дел од животните, инсекти, птици и риби кој го населувале овој простор низ разни временски периоди. Целта е учениците подобро да ја совладаат класификацијата на животни кои ги изучуваат по предметот биологија. Учениците […]
Реализирана наставно – научна екскурзија на учениците од III одделение

Успешно реализирана наставно – научна екскурзија на учениците од III одделение. Екскурзијата се реализираше во Кавадарци – градот на грозјето и виното. Посета на винарија Тиквеш, посета на локалитетите: Дванаесет Младенци, набљудување на текот на реката ,,Луда Мара”, Спомен Костурница на жртвите од Втората Светска Војна. Посета на местото ,,Мокриште” – пауза за ручек и […]