Посета на македонска филхармонија

Учениците од одделенска настава имаа можност да ја проследат симфонијата за деца „ПЕТРЕ И ВОЛКОТ“ во концертната сала на македонската филхармонија. Учениците беа во придружба на нивните наставници.
Учество на ученичка квизотека

Учество и освоено трето место на Ученичка квизотека организирана од страна на Детски културен центар – Карпош. Учениците од IX одделение беа во придружба на предметниот наставник Маја Ристовска.
Реализиран еднодневен есенски излет

На 30.10.2025 година се реализираше еднодневен есенски излет во околината на манастирот Свети Илија с. Мирковци за ученици од одделенска и предметна настава. Учениците беа во придружба на одделенски и предметни наставници.
Реализирана хуманитарна акција „Недела на борба против гладта“

Успешно реалаизрана хуманитарна акција по повод недела на борба против гладта, во соработка со Црвен Крст. Акцијата е координирана од наставникот по ФЗО, Марјанчо Дамјановски со одделенските и класни раководители.
Одбележување на Детска недела

Во теков на измината недела, со одбележување на детска недела, наставниците и учениците од прво одделение низ многубројни активности научија, споделија и реализираа содржини кои заеднички ни помогнаа да ги анализираме и да го потенцираме значењето на правата на секое дете.
Активности за 11 Октомври, Ден на народното востание

Во пресрет на 11 Октомври, Ден на народното востание, ученици од предметна и одделенска настава подготвија неколку активности и проектни задачи. Учениците од II В одделение подготвија рецитал и го нацртаа македонското знаме, додека пак ученици од VI одделение изработија постер со стихотворби.
Активности за месец октомври – Жената и спортот

Го одбележуваме месец октомври – Жената и спортот со активности во и надвор од нашето училиште. Ученици од предметна настава реализираа пријателски натпревар во одбојка со ученици од ООУ „Ацо Шопов“. Учениците беа придружени од наставничката по ФЗО, Изабела Апостолоска.
Активности за 5ти октомври, светски ден на учителот

За денот на учителот, активот по англиски јазик подготви неколку активности со учениците, како што се изработки, интервјуа со наставниците, како и видео пораки од учениците.
Посета на сеизмолошка опсерваторија

Учениците од петто одделение со нивните одделенски наставници Мирослав Митиќ, Маја Дрндаревска, Сузана Младенова под менторство на наставничката Љупка Ангеловска- Таневска ја посетија Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Целта на посетата беше да дознаат повеќе за тоа како се проучуваат земјотресите и како научниците ги мерат движењата на Земјата. Кога пристигнаа, љубезните вработени ги пречекаа и […]
Посета на Македонската опера и балет за претставата „Петар Пан“

Ученици од одделенска настава во придружба на нивните одделенски наставници ја проследија балетската претстава „Петар Пан“ во изведба на балетски солисти и ансамблот на Македонската опера и балет.