Одржани меѓуучилишни спортски игри со ООУ „Панајот Гиновски“

На 23.5.2024 година се одржаа меѓуучилишни спортски игри во фудбал и кошарка помеѓу учениците од нашето училиште и ученици од ООУ „Панајот Гиновски“. Во машка конкуренција, учениците од трето одделение се изборија за првото место во фудбал, а учениците од четврто одделение освоија прво место во кошарка и фудбал. Во женска конкуренција, беа освоени првите […]

Учество на „Пожарко 2025“

Ученици од VIII и IX одделение учествуваа на овогодинешниот противпожарен крос „Пожарко 2025“, придружени од наставниците Виолета Николова и Изабела Апостолоска. Учениците се натпреваруваа во машка и женска конкуренција, а своите способности и брзина беа покажани на дело од страна на ученичката Александра Најдовска од VIII А одделение со освоено ВТОРО место и Дафина Димишковска […]

Освоено прво место на олимпијадата „Бутелски Сезнајковци 2025“

Нашето училиште беше домаќин на олимпијадата „Бутелски Сезнајковци 2025“ под покровителство и организација на Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски. Тимот кој не претстави беше во состав од учениците Давид Димитров, Павел Милевски, Теодора Георгиевска и Оља Челиковска. Учениците се натпреваруваа во неколку категории, а крајниот резултат беше освоено ПРВО место во конкуренција со останатите […]

Одржан Саем на Занаетчиство

На 16.5.2025 година во просториите на нашето училиште се одржа саем на занаетчиство, под покровителство на Занаетчиската комора Скопје со поддршка од општина Бутел. На саемот обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето, Снежана Петреска, како и претседателот на Занаетчиската комора Скопје, г-дин Горан Ристовски, кои ја нагласија важноста на стручното образование и можностите за […]

Резултати од регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика, одржан на 15.3.2025 година учествуваа ученици од одделенска и предметна настава од нашето училиште. Ученичката Матеа Алампиоска од VII одделение, под менторство на наставникот Владимир Костовски постигна особен успех со освоено второ место и пласман на државниот натпревар. Честитки до сите ученици за вложениот труд и за нивните ментори.

Одбележување на 9 Мај – Ден на победата над фашизмот

Секцијата Млади историчари правеше историска анализа на Фашизмот како негативна појава и идеологија во историјата на човештвото. Согледувајќи ги неговите големи тешки последици донесовме заклучок дека најсоодветна порака што ја испраќаме е „ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ НИКОГАШ“

Активности за 5ти мај, Ден на македонскиот јазик

Го одбележуваме 5ти мај, Денот на македонскиот јазик со низа активности подготвени од наставниците по македонски јазик и учениците од предметна настава. Воедно, денес се навршуваат 80 години од кодификацијата на македонската азбука донесена на Президиумот на АСНОМ на 5ти мај 1945 година.

Истражување од историската секција за Гоце Делчев

Одбележување на 122 години од смртта на Гоце Делчев. Го чествуваме неговото дело и на македонските синови познати како Ѓемиџиите како и на револуционерот Пере Тошев. Историската секција правеше истражување и историска анализа на Човечките квалитети на ликот на Гоце Делчев. Уште еднаш се докажа и потврди големината на овој македонски револуционер симбол на верност, […]