Во рамките на годишната програма за воннаставни активности и со цел збогатување на искуствата на учениците преку непосредно доживување и зајакнување на тимскиот дух, на 9 јуни 2025 година организиравме еднодневен излет во Сарај.
Излетот помина во одлична атмосфера. Учениците уживаа во убавините на природата и имаа можност да се забавуваат, но и да ја зајакнат меѓусебната соработка и пријателствата.
Преку едукативните и спортските активности се поттикнаа иницијативноста, одговорноста и тимската работа. Учениците се вратија исполнети со позитивни впечатоци и нови спомени.



