Учество на регионален натпревар во фудбал – машки

Учениците од предметна настава учествуваа на регионалниот натпревар во фудбал – машки во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, при што го освоија второто место. Учениците беа во придружба на наставниците по ФЗО Виолета Николова и Јасмина Петрушевска.
Резултати од регионалниот натпревар по англиски јазик

На 18.4.2026 година се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ. Учествуваа ученици од V до IX одделение при што беа остварени следните резултати: V одделение – Мила Савовска – I место VII одделение – Сара Јаневска – II место VI одделение – Илина Младеновска – Учество VIII одделение – Иринеј Стојчевски […]
Упис на првачиња за учебна 2026/27 година

Почитувани, Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2026/27 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу.https://forms.office.com/r/KzMUkQMymYОстанати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се:– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето […]
Учество на ликовно-литературен натпревар

Нашите ученици учествуваа на ликовно-литературен натпревар во организација на Општинскиот Противпожарен Сојуз Бутел, при што денес во училиштето им беа врачени дипломи и пофалници од страна на претседателот на Сојузот. Ученици кој остварија особен пласман се: Илина Младеновска – II место за литературна творба Коста Исков – III место за литературна творба Давид Илиевски – […]
Резултати од општински натпревар по англиски јазик

Објавени се конечните резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик одржан на 14.3.2026 година, на кој нашите ученици постигнаа одлични резултати и сите продолжуваат на регионалниот натпревар. V одделение – Мила Савовска – III место VI одделение – Илина Младеновска – II место VII одделение – Сара Јаневска – III место VIII одделение – Иринеј […]
Творби на часот по ликовно за 8 Март, Меѓународниот дена на жената

Во пресрет на 8 Март, меѓународниот дена на жената, учениците од II А одделение со нивната наставничка Весна Пенева на часот по ликовно образование твореа и изработија честитки и украси, а направија и видео порака за честање на овој празник!
Реализирана дисеминација за државно тестирање

Во нашето училиште се одржа дисеминација на резултатите од државното тестирање, спроведено во учебната 2024/25 година, за учениците од V одделение. Целта на оваа средба беше детален приказ на постигнувањата на нашите ученици, како и анализа на насоките за понатамошно подобрување на образовниот процес. Дисеминацијата беше спроведена од педагогот Поликсена Илиоска и одделенскиот наставник Маја […]
Резултати од општински натпревар по природни науки

Објавени се конечните резултати од натпреварот по природни науки одржан на 27.2.2026 година во организација на Македонското Биолошко Друштво. Учениците од нашето училиште постигнаа одлични успеси и голем дел од нив остварија пласман на регионалниот натпревар. Честитки до сите ученици и нивните ментори!
Учество на карневалот „Љубански Карневал Прочка“ 2026

На традиционалното одржување на карневалот „Љубански Карневал Прочка“, нашето училиште беше претставено со тематска маска презентирана од ученици од одделенска настава со нивните наставници, при што го освоивме првото место, кое го делиме со ООУ„Гоце Делчев“. На нашето училиште беше врачена благодарница за особен придонес во организацијата на карневалот.
Резултати од училишен натпревар по англиски јазик

На 16.2.2026 година се одржа училишниот натпревар по англиски јазик за ученици од V до IX одделение. Во прилог ги објавуваме постигнатите резултати. Честитки до сите учесници, како и за нивните ментори, наставниците по англиски јазик. Им посакуваме успех на учениците кои продолжуваат на општинскиот натпревар!