Резултати од општински натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија одржан на 13.2.2026 година учествуваа ученици од VII до IX одделение, притоа постигнувајки одлични резултати. Честитки до учениците и нивниот ментор, наставничката по биологија Љупка А. Таневска, им посакуваме одлични резултати и на регионалниот натпревар.

Одбележување на 14ти февруари

Во пресрет на 14ти февруари, првиот ден кога се започнува со работа во лозарството, учениците од одделенска и предметна настава спроведоа низа активности со нивните наставници преку творби, цртежи и рецитали. Истовремено, наставниците по англиски јазик активно се вклучија во одбележување на глобалниот феномен наречен Valentine’s Day, кој се одбележува низ целиот свет на 14ти […]

Учество на општински натпревар во ракомет

Учениците од нашето училиште учествуваа на општински натпревар во ракомет, при што екипата во женска конкуренција го освои првото место и ќе ја претставува општина Бутел на зонски натпревари, додека пак екипата во машка конкуренција го освои второто место. Честитки до учениците и нивните ментори, наставниците по ФЗО Јасмина Петрушевска, Марјанчо Дамјановски и Виолета Николова.

Резултати од општински натпревар по физика

На општинскиот натпревар по физика, кој се одржа на 6.2.2026 година во нашето училиште, учествуваа двајца ученици од осмо одделение кои беа под менторство на наставничката Јоана Искова. Тие ги постигнаа следните резултати: Матеј Савовски – 57 поени Иринеј Стојчевски – 40 поени. Учениците обезбедија пласман на регионалниот натпревар. Им честитаме и им посакуваме многу […]

Одржана работилница „Меѓусебно подржување и соработка“

На 9.2 и 10.2.2026 година беа спроведени работилници од страна на педагогот Поликсена Илиоска во паралелките VI A и VIII А на тема „Меѓусебно подржување и соработка“. Целта на овие работилници е учениците да научат дека релациите се менуваат, да препознаат кога на другите им е потребна поддршка и помош, да умеат да прифатат соработка […]

Изведена симулациска вежба – евакуација на ученици и вработени

На 27.1.2026 година се одржа симулациска вежба – евакуација на ученици и вработени во случај на елементарна непогода. Оваа вежба се реализира по спроведена обука на вработените од страна на обучувачи од Дирекцијата за заштита и спасување која се реализираше на ден 14.01.2027 година во просториите на училиштето. Целта на спроведување на оваа вежба беше […]

Обука за постапување при елементарна непогода од земјотрес или пожар

На 14.1.2026 година од страна на обучувачи од Дирекцијата за заштита и спасување се одржа теоретска и практична обука за сите вработени од училиштето за начини на справување со потенцијални непогоди (земјотрес/пожар) во училиштето.

Реализиран новогодишен базар 2025

На 29.12.2025 година успешно беше реализиран новогодишниот базар во холот на училиштето. Базарот беше организиран од страна на одделенските и класни раководители, во соработка со советот на родители. Насмевки на лицата на учениците, присуството на голем број на родители и други гости придонесоа за убава и раздвижена атмосфера во училиштето.