Реализирана дисеминација за државно тестирање

Во нашето училиште се одржа дисеминација на резултатите од државното тестирање, спроведено во учебната 2024/25 година, за учениците од V одделение.

Целта на оваа средба беше детален приказ на постигнувањата на нашите ученици, како и анализа на насоките за понатамошно подобрување на образовниот процес.

Дисеминацијата беше спроведена од педагогот Поликсена Илиоска и одделенскиот наставник Маја Дрндаревска, а присуствуваа директорката на училиштето Снежана Петреска, одделенските наставници како и предметните наставници по математика и македонски јазик.