Одбележана неделата на кодирање

EU Code Week !!! cw22-WcosX Со низа работилници ја испративме неделата за кодирање во нашето училиште. Одделенските наставници Даниела Салтирова Кочијева и Радмила Искова во соработка со наставниците амбасадори за роботика Мирослав Митиќ, Билјана Лазаревска, Даниела Крстевска, Дијана Илиевска Ковачевска и Бојан Василев, претседател на Friends of Education (https://www.friends-of-education.org/en/) заедно со учениците кодираа и откриваа […]

СТЕМ обука за развој на нови техники и стратегии во училиштето

СТЕМ ОБУКА ОД НАСТАВНИЦИ ЗА НАСТАВНИЦИ!!! Огромна благодарност за реализираната обука од страна на едукаторот Аида Петровска, наставничка по физика која на едноставен начин ни ги пренесе добрите практики, стратегиите за учење во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, кои се познати и како СТЕМ проекти. СТЕМ проектите во училниците им помагаат на децата […]

Изработка на проектна активност вулкан во петто одделение

Учениците од петто одделение имаа проектна активност по предметот природни науки, изработка на вулкан. Заедно со наставничката Јасминка Стојанова Вељковска успешно го искалија вулканот и го завршија овој забавен проект.

Презентација на тема „Последици од искривување на ‘рбет“ во петто одделение

На 20.05.2022 година беше остварена соработка со ПЗУ„Матар Медика“. Нашето училиште беше посетено од страна на д-р Лејла Манчев, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, при што беше одржана презентација во петто одделение на тема „Последици од искривување на ‘рбет“.

Активности за 23ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Во пресрет на 23ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба, учениците на часовите по историја имаа предавање за МРО, за нивните цели и вековни идеали и борбата за слободна и независна Македонија. Тие изработија и постери за одбележување на овој празничен ден.

Одбележана недела на движењето

Ја одбележуваме неделата на движењето со активности и вежби организирани од наставниците по физичко и здравствено образование.

Креативна работилница во ПОУ„Свети Климент Охридски“ Визбегово

Нашата креативна работилница во подрачното училиште во Визбегово повторно со нови активности. Вредните рачиња на учениците со помош на нивните наставници создадоа ново шарено полжавче, со чија помош учениците низ игра ќе ги учат броевите до 20. Истовремено, првачињата ни изработија и проектна активност – шарени печурки како тематика од предметот природни науки.

Активности за недела на штедење

Претставници од NLB Banka Skopje ги посетија нашите првачиња и одржаа работилница по повод неделата на штедење. Учениците изработија маски кои ги носеа и на останатите часови а добија и боенки за работа.