Нашата креативна работилница во подрачното училиште во Визбегово повторно со нови активности. Вредните рачиња на учениците со помош на нивните наставници создадоа ново шарено полжавче, со чија помош учениците низ игра ќе ги учат броевите до 20.
Истовремено, првачињата ни изработија и проектна активност – шарени печурки како тематика од предметот природни науки.



