Одбележан 16ти октомври, денот на гладта

16ти октомври се одбележува како меѓународен ден на гладта. Нашето училиште се солидаризираше и преку добротворна акција од ученици, родители и наставници беа собрани неопходни средства кои ќе бидат поделени на лица од социјално загрозени семејства.
Донација на ранци во ПОУ „Свети Климент Охридски“ Визбегово

Голема благодарност до Директорката на Academy CES – Центар за стручно образование, образование за возрасни и инклузивно образование, Дијана Зафировска, која во соработка со NGO Ambrela – Centre for Integration, Macedonia донираше ранци на учениците од нашето подрачно училиште во с. Визбегово.
Креативна работилница за сензорни помагала

Првачињата од I Б одделение заедно со наставничката и образовниот асистент од Основно училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопјe имаа креативна работилница во која изработуваа сензорни помагала за нивните соученици со нетипичен развој, инклузивноста покажана на дело!
Проекти за 11ти октомври од историската секција

За одбележување на 11ти октомври, Ден на народното востание, учениците од историската секција и Младите историчари под водство на наставничката Катерина Николовска активно истражуваа за нашите народни херои и борци од училница и на локалитетот со посета на нивните споменици и целокупното истражување го презентираа преку изработка на проекти и презентација.
Литературно читање по повод 11ти Октомври

Учениците од осмо В одделение во придружба на наставничките Цветанка Гаговска и Маја Автовска учествуваа на литературно читање по повод 11ти октомври, Ден на народното востание. Литературното читање беше организирано од страна на општина Бутел, а учествуваа и ученици од другите основни училишта. Учениците се претставија со свои творби.
Активности за 11ти октомври, Ден на народното востание

Во пресрет на 11ти октомври, Ден на народното востание, учениците од четврто одделение изготвија низа активности за одбележување на денот. Учениците од четврто Б и В ни подготвија стихотворби и видео пораки, а учениците од четврто А ја декорираа вратата од училницата со колаж од цртежи и реченици – акростих.
Одбележана Детска недела

Под мотото Детска недела, секоја прва седмица од месец октомври им е посветена на децата. Учениците од нашето училиште со подршка од нивните одделенски наставници изработија разни творби, цртежи, колажи како и рецитали за да ја одбележат истата!
Практична настава за хортикултурно уредување на градината и училниците во IX одделение

Практична настава за хортикултурно уредување на градината и училниците беше спроведена на часот по биологија, под менторство на наставничката Лилјана Петковска, како дел од темата што се изучува во деветто одделение, размножување кај растенијата. Практична демонстрација на учениците од IX А, Б и В.
Национална конференција на Еко Логик

Национална конференција на Еко Логик – Искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени. Наставниците Сузана Младенова, Маја Дрндаревска и Мирослав Митиќ се вклучија во процесот на имплементација на искуствено учење за животната средина и климатските промени.
Одбележување на светскиот ден на учителот во ПОУ „Свети Климент Охридски“ Визбегово

Наставниците и учениците од подрачното училиште во Визбегово го одбележаа светскиот ден на учителот со изработка на постер изработен со природни цветови од дворот на училиштето!