Активности по повод 13ти ноември, Ден на ослободување на Скопје

Во пресрет на 13ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, учениците од трето и четврто одделение ни подготвија низа активности и изработки за одбележување на денот. Постери, цртежи, рецитали, поеми и песнички, видео презентации од наставниците се дел од активностите кои ги споделуваме со вас!
Учество на Ѕвон – Контактно училишна програма

Учениците од нашето училиште денес гостуваа на Ѕвон – Контактно Училишна Програма која се емитуваше на Македонската Радио Телевизија. Во придружба на одделенски и предметни наставници, учениците го претставија училиштето со мозаик од активности, работилници, музички изведби, хумористична драматизација, експеримент со хемиски реакции, како и активност со кодирање и откривање на емоции преку алгоритми, предводена […]
Обука за наставници „Примена на иновативни интегрирани пристапи во наставата“

Наставниците од нашето училиште, со група колеги од ООУ „Гоце Делчев“, „Лиман Каба“ и „Александар Урдаревски“ имаа дводневна обука организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на тема „ Примена на иновативни интегрирани пристапи во наставата“. Обуката, која е дел од постојаното професионално развивање на наставниците, беше изведена од […]
Посета на Народна банка и музеј на пари

Учениците од трето одделение со нивните наставници реализираа посета на Народната банка и музејот на пари при Народната банка. Тие имаа можност да разгледаат разни експонати, а имаа и презентација за работата на банката и валутата која се користи во нашата држава.
Посета на УХМР Скопје

Денес учениците од IV одделение заедно со одделенските наставници ја посетија Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје. Тие се запознаа со работата на метеоролошката станица, мерните инструменти за следење на временските промени и го проширија своето знаење за определување на временската прогноза.
Активности по повод Halloween

Наставниците од активот по англиски јазик подготвија разновидни активности за Halloween. Учениците низ работилници се забавуваа изработувајќи постери, разнобојни маски, цртежи и вежби. Целта на овие активности е доближување на културата на земјите од англиско говорно подрачје со нашите ученици.
Примена на техника танграм на часот по математика

На часовите по математика во шесто одделение учениците совладуваат и разни техники за изучување на геометријата. Наставничката Маја Автовска ја примени техниката Танграм, сложувалка по потекло од Кина измислена во осумнаесетиот век. Учениците со колаж успејаа да направат интересни и разновидни танграм сложувалки.
Предавање на тема „Штетни последици од пушење“

Наставничката по биологија Лилјана Петковска и педагогот Поликсена Илиоска одржаа предавање на тема „Штетни последици од пушење“ со цел подигнување на свеста за овој порок како и превенција на истиот.
Посета на кино претстава „Патот кон месечината“

На 27.10.2022 година учениците од второ и четврто одделение, во придружба на нивните одделенски наставници присуствуваа на кино-претставата „Патот кон месечината“, која што е адаптација базирана од една од најпопуларните германски книги за деца.
Хумористична претстава со првачињата

Нашите ученици од прво одделение имаа забавно искуство на хумористичната претстава со Војче Китановски, кој гостуваше во нашето училиште. Неколку разновидни активности им беа презентирани на учениците, а неколку од нив учествуваа во подготвените точки и одлично се вклопија.