Посета на полициска станица Бутел

Клубот за превенција, во придружба на училишниот психолог, реализираа посета на полициската станица Бутел. Тие имаа можност да се запознаат со нивната работа, реквизити, простории и да поразговараат со дел од вработените.

Активности за недела на движење

Ја одбележуваме неделата на движење со активности реалзирани од наставниците Изабела Апостолоска и Виолета Николова. Во активностите учествуваа ученици од VI и VII одделение.

Едукативна работилница во соработка со СВР Скопје

Претставници од СВР Скопје денес одржаа едукативна работилница за учениците од шесто до деветто одделение. Работилницата насловена „Отфрлувањето и наивната нетрпеливост до кобни последици“ има за цел да ги запознае учениците со последиците од булинг/врсничко насилство и превентивно делување за истите.

Реализирана еднодневна екскурзија до с. Дељадровци

На 23.5.2023 година се одржа еднодневна екскурзија до с. Дељадровци, каде што учениците од одделенска и предметна настава низ дружба, социјализација и разновидни друштвени игри уживаа во убавата природа и одличните временски услови. Тие имаа можност и да ја посетат локалната црква. Учениците беа во придружба на нивните одделенски и класни раководители.  

Одбележан 24ти мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Во пресрет на 24ти мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, учениците од четврто одделение под менторство на нивните одделенски раководители подготвија низа творби, цртежи, песнички и постер за одбележување на празникот.

Посета на „Фурна Диме“

Во склоп на наставата по општество за лекцијата „Од зрно до леб“ беше реализирана посета до „Фурна Диме“ каде учениците од второ одделение одблиску се запознаа и го видоа производството на брашно, месење, стасување и печење на лебот и белите пецива. Овој процес беше пропратно реализиран чекор по чекор со објаснување од страна на вработените. […]