Посета на „Саем на книгата 2023“

„Саемите на книги се како градини на знаењето, цветаат со приказни и идеи, чекајќи да бидат истражени од љубопитни умови“ – Непознат автор

Учениците од предметна настава, во придружба на предметните наставници Цветанка Гаговска, Виолета Јосмова и Оливера Костадинова го посетија овогодинашниот саем на книгата и имаа можност да се запознаат со најновите наслови и бестселери од македонските и странски автори.