Општински прваци во футсал – машка и женска екипа

Училишните спортски натпревари во рамки на проектот „Плазма – Спортски игри за млади“ донесоа голема радост и гордост. Нашите ученици – машка и женска екипа (2011 и помали) – се закитија со титулата општински ШАМПИОНИ во футсал. Учениците беа во придружба на наставниците по ФЗО.