Уметничко уредување на училницата за дневен престој

Училницата за дневен престој летово беше освежена со разнобојни ликовни мотиви насликани од наставничката по ликовно образование Санда Миева и наставничката од дневен престој, Ивана Доневска Боневска.
Одржана обука во организација на Академија ЦЕС и БРО

На 16.8.2023 година во нашето училиште започна обуката за наставници на тема „Стратегии за менаџмент во училница – принципи и примери на добра практика за создавање позитивна работна атмосфера во училница и во онлајн – виртуелна училница“ во организација на Академија ЦЕС и Бирото за развој на образованието. М-р Елка Даскалова е главниот обучувач која […]
Реализиран проект „Иницирај реализирај промени“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ во соработка со општина Бутел реализираа проект на ниво на општина насловен „Иницирај реализирај промени“. Проектот е изведен со грант добиен од Норвешкото кралство, а учествуваа претставници од ООУ „Свети Климент Охридски“, ООУ „Ацо Шопов“, ООУ „Панајот Гиновски“ и ООУ „Живко Брајковски“. На презентацијата се дискутираше за справување со елементарни […]
Соопштение во однос на летувања
Учество на Ликовна колонија Љубанци 2023

На 20.6.2023 година се одржа меѓународната ликовна колонија Љубанци 2023 организирана со финансиска подршка од општина Бутел, каде што покрај уметници од државата и странство, учествуваа и ученици од нашето училиште. Во придружба на предметниот наставник по ликовно образование Санда Миева, учениците Ирена Ристиќ, Марија Мрчковиќ, Ѕвездан Танев и Марија Талевска ги изразија своите уметнички […]
Доделени сертификати за истакнати ученици од генерација

Под мотото „Знаењето е светлина на иднината“ беше одржана свечена манифестација во организација на општина Бутел, каде што беа доделени стипендии за истакнати ученици и првенци на генерација од страна на Градоначалникот Дарко Костовски. Од нашето училиште, по претходно извршена комисиска проверка и бодување, за истакнати ученици беа избрани и изгласани на наставнички совет следните […]
Доделени сертификати од обуката за врсничко насилство

Во просториите на општина Бутел се одржа свечена церемонија на доделување сертификати за учесниците кои учествуваа во обуките за врсничко насилство. Здружението „Европски Соѕвездија“ и општина Бутел беа организатори на овие обуки, со кои наставниците, стручните соработници и директори беа обучени и запознаени со оваа појава во нашето општество и како да се изнајдат решенија […]
Учество на „Спортски ден“

На 12.6.2023 година се одржа Спортски ден во организација на општина Бутел. Во придружба на наставниците по ФЗО од нашето училиште учествуваа група ученици кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини. Учениците кои се натпреваруваа во дисциплината атлетика – штафетно трчање го освоија првото место , а учениците во дисциплината фудбал – женски освоија трето […]
Прослава на полуматурантите

На 8.6.2023 година полуматурантите од нашето училиште имаа прослава во ресторан „Аликас“. Жива музика, весело и позитивно расположение кај учениците, наставниците и стручната служба кои присуствуваа придонесоа за одлична забава и воедно убаво помината вечер. Полуматуранти, Ви посакуваме успешно справување со сите предизвици во средношколските денови, чекорете цврсто и сигурно кон успехот!
Работилници во трето одделение

Учениците од III В заедно со наставничката Вера Атанасовска дизајнираа летни обувки. Креативните рачиња на III Б одделение создадоа мозаик од изработки.