На 20.6.2023 година се одржа меѓународната ликовна колонија Љубанци 2023 организирана со финансиска подршка од општина Бутел, каде што покрај уметници од државата и странство, учествуваа и ученици од нашето училиште.
Во придружба на предметниот наставник по ликовно образование Санда Миева, учениците Ирена Ристиќ, Марија Мрчковиќ, Ѕвездан Танев и Марија Талевска ги изразија своите уметнички вештини на платно, а нивните готови дела ви ги презентираме и Вам.



