На 26.12.2023 година успешно беше реализиран предновогодишниот базар во холот на училиштето. Базарот е во организација на Советот на родители кои во координација со класните и одделенски раководители на паралелките се потрудија истиот да биде спроведен во најдобар тек.
Насмевки на лицата на учениците, присуството на голем број на родители и други гости придонесоа за убава и раздвижена атмосфера во училиштето.



