Одржана претстава „Доживувањата на Куферко“

Ученици од прво до четврто одделение имаа можност да ја проследат претставата „Доживувањата на Куферко“ во училишната фискултурна сала. Тие беа анимирани од актерите Марко Новески, Ристина Николова и Димитрина Мицкоска, кои ги одглумија ликовите Куферко, Бисера и дедо Константин.

Донација на компјутерски маси за кабинетот по информатика

Искажуваме благодарност до општествено одговорни компании и лица за континуираната поддршка на нашето училиште. Донација на работни маси за компјутери се доставени и истите се поставени во кабинетот по информатика.

Резултати од општински натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија, одржан на 16.2.2024 година, под менторство на наставничката Лилјана Петковска постигнати се следните резултати: Матео Слезенковски (IX одделение) – Прва награда Ангела Јованчова (VII одделение) – Втора награда Теодора Георгиевска (VIII одделение) – Трета награда Честитки за постигнатиот успех, им посакуваме одличен пласман и на регионалниот натпревар.

Реализирана работилница „Кралици и слуги“

Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот. Така, конфликтите исчезнуваат! Денес со максимална мотивираност на учениците за глума, по изборниот предмет „Разрешување на конфликти”, наставничката Татјана Цветковска со учениците од VI А одделение ја реализираа работилницата „Кралици и слуги”. Учениците се уверија дека моќта може да нѐ направи привидно силни, […]

Учество на натпревар по математика-физика

На 18.2.2024 година се одржа натпревар по математика-физика во организација на П.С.У„Јахја Кемал“. Целта на натпреварот е да ги поттикне учениците да посветат внимание на образованието и да се стекнат со стипендија доколку се покажат како најуспешни. Ученици од IX одделение покажаа интерес и учествуваа, а беа во придружба на наставниците Маја Автовска и Соња […]

Одржан училишен натпревар по англиски јазик

Изминатата недела се одржа училишен натпревар по англиски јазик организиран од наставниците на овој наставен предмет. Се натпреваруваа ученици од петто до деветто одделение, притоа мерејќи го своето знаење во граматички категории, структури, распознавање и читање со разбирање. Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на јавно место во училиштето во текот на следната недела.

Одбележан Valentine’s Day, Денот на вљубените

Наставниците по англиски јазик активно се вклучија во одбележување на глобалниот феномен наречен Valentine’s Day, кој се одбележува низ целиот свет на 14ти февруари. Со нивните одделенија подготвија активности за украсување на училниците и училишниот хол, а беа поставени и кутии за пораки кои учениците од IX одделение потоа ги разделуваа низ одделенијата.

Донација на компјутерска опрема

Нашето училиште искажува голема благодарност за општествено одговорни личности кои се грижат за квалитетот на наставата. Донирана е компјутерска опрема за неколку кабинети со цел имплементирање на современа ИКТ настава со смарт табла.