Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот. Така, конфликтите исчезнуваат!
Денес со максимална мотивираност на учениците за глума, по изборниот предмет „Разрешување на конфликти”, наставничката Татјана Цветковска со учениците од VI А одделение ја реализираа работилницата „Кралици и слуги”.
Учениците се уверија дека моќта може да нѐ направи привидно силни, а поданичкиот однос да ја намали самодовербата! На следната работилница слугите ќе бидат кралици. Животот е тркало.



