Упис на првачиња за учебната 2024/2025 година

Почитувани родители,

Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2024/25 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу или преку скенирање на QR кодот на оваа објава.

Останати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се:

Извод од матична книга на родени;
Потврда за примени вакцини;
Потврда од очен преглед;
Потврда од стоматолошки преглед;
Лична карта од родител.

За децата со попреченост, родителот приложува функционална процена од стручната комисија за процена на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка сопоред МКФ.