Посета на Скопската Зоолошка Градина

Учениците од прво одделение во придружба на нивните одделенски наставници реализираа посета на Скопската Зоолошка Градина, каде со водич од градината се прошетаа научија интересни факти за животните.
Одбележан Светскиот ден на Книгата

Денес, 23 април, Светскиот ден на книгата беше одбележан во нашето училиште преку повеќе активности: творење песни и есеи, пишување на креативни пораки за книгата и нејзиното значење, рецитирање и изработка на проекти во кои учениците со задоволство учествуваа и ги презентираа во училишната библиотека. Согледувајќи го огромното значење на книгата како неисцрпен извор на […]
Велигденско украсување на училишниот хол

Во пресрет на велигденските празници, учениците од одделенска настава со своите наставници имаа креативна работилница и го украсија училишниот хол со своите изработки.
Резултати од регионалниот натпревар по англиски јазик

На регионалниот натпревар по англиски јазик, одржан на 16.4.2024 година, нашите ученици ги постигнаа следните резултати: V одделение: Сара Јаневска – III место VI одделение: Иринеј Стојчевски – учество VII одделение: Јана Ќулавковска – III место Дамјан Ефтимов – учество IX одделение: Леа Симеонова – III место Ева Петрушева – учество Честитки до учениците и […]
Едукативна претстава „Рециклирачка приказна за Пет и Еко“

За ученици од прво до петто одделение се организираше едукативна претстава насловена „Рециклирачка приказна за Пет и Еко“ во училишниот хол, преку која на интерактивен начин на учениците им се претстави темата екологија.
Одбележан Светскиот ден на планетата Земја

Нашите ученици од прво и второ одделение со нивните изработки и цртежи го одбележаа 22 април, Светскиот ден на планетата Земја.
Реализирана дводневна научно-истражувачка екскурзија во источна Македонија

На 17ти и 18ти април се реализираше дводневна наставно-научна екскурзија низ Кратово, Пробиштип, Радовиш и Струмица за учениците од VI одделение, кои беа придружувани од нивните класни раководители. Тие имаа можност да се запознаат со обележјата на овие градови од истокот, и да ги продлабочат своите знаења за историјата на истите.
Учество на семинар во организација на Hamilton House – Akademska Kniga

Наставниците по англиски јазик учествуваа на семинар Hamilton House Academic Seminar: The future of ELT: Exploring Beyond Borders. Настанот е во организација на Hamilton House – Akademska Kniga, а посебен осврт беше темата за примена на вештачката интелигенција во образованието.
Учество на „Денови на електротехника“

Ученици од IX одделение под менторство на наставничката Јоана Искова, во периодот од 17-19.04.2024 година учествуваа на манифестацијата „Денови на електротехника” – организирано од страна на СЕТУГС „Михајло Пупин“. Ги проверија и проширија своите знаења и се здобија со сертификати за успешно учество.
Украсување на училници и училишно пано

Учениците од IV A и IV Б одделение со нивните одделенски наставници ги украсија своите училници и училишното пано со цртежи и изработки инспирирани од претстојните Велигденски празници.