Реализирана дводневна научно-истражувачка екскурзија во источна Македонија

На 17ти и 18ти април се реализираше дводневна наставно-научна екскурзија низ Кратово, Пробиштип, Радовиш и Струмица за учениците од VI одделение, кои беа придружувани од нивните класни раководители. Тие имаа можност да се запознаат со обележјата на овие градови од истокот, и да ги продлабочат своите знаења за историјата на истите.