Посета на музејот за ретки минерали во Пробиштип

18ти мај е меѓународен ден на музеите. Учениците од III одделение во придружба на нивните одделенски наставници го посетија музејот за ретки минерали во Пробиштип, каде што имаа можност одблиску да ги погледнат и да се стекнат со знаење за разновидните минерали на изложба, некои кои датираат и пред повеќе од еден век.

За време на посетата на музејот, екипа од локалната телевизија Протел направи репортажа и кратко интервју со одделенскиот наставник Мирослав Митиќ, како и со неколку ученици за нивните импресии од оваа посета.