Одржана свечена манифестација за доделување стипендии за пофалени ученици

Под мотото „На правилниот пат чекориш“ се реализираше свечена манифестација за доделување на стипендии за истакнати ученици по генерација од петто до деветто одделение во организација на Општина Бутел и Градоначалникот Дарко Костовски.

Од нашето училиште, по претходно извршена комисиска проверка и бодување, на наставнички совет за истакнати ученици беа избрани и изгласани следните ученици:

V одделение – Никита Димитријов
VI одделение – Иринеј Стојчевски
VII одделение – Ангела Јованчова
VIII одделение – Павел Милевски
IX одделение – Матео Слезенковски

Честитки до наградените учениците за нивниот континуиран труд и успех, но и за сите ученици кои неуморно работат кон стекнување на нови знаења и вештини!