Ден на пролетта

Пролет?! Да, денес таа доаѓа во нашата мала, прекрасна земја… Невообичаена, малку ладна, малку снежна, но сепак пролет која ни носи нови предизвици, очекувања и почетоци. Секако, нашите ученици со нетрпение го чекаат овој ден за да ги реализираат сите активност кои се поврзани со разубавување на нашата околина, но овојпат тоа го направија на […]

Неработен ден: 23ти октомври „ Ден на македонската револуционерна борба“

Почитувани родители, ученици и наставници, На ден 23ти октомври ( петок) се прославува државниот празник „ Ден на македонската револуционерна борба“ кој е воедно и неработен ден. Ви посакуваме убав празничен викенд, а со настава започнуваме во понеделник 26ти октомври.

„11ти Октомври“- Државен празник

Почитувани родители и ученици, Ве известуваме дека понеделник ( 12ти октомври) е неработен ден, заради прославување на државниот празник „ 11ти Октомври“, односно Ден на востанието на Македонија, или Ден на народното востание на македонскиот народ. Востанието било започнато против фашизмот, и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Ова востание било важен […]

Распоред на часови од шесто до деветто одделение за учење од далечина

НАПОМЕНА: Часовите траат по 30 минути  . После секој час следува 10 минути одмор. Големиот одмор е после 3ти час и е со траење од 10 минути. За да можете да ги видите распоредите за секое одделение употребувајте ги стрелките во долниот дел на сликата.

Куќен ред на училиштето

  Наставата започнува во различно време за секое одделение, согласно Протоколот за изведување настава со физичко присуство и распоред за звонење. При влез во училиштето задолжително дезинфицирај ги обувките и рацете со дезинфекционо средство. При влез во училиштето задолжително носи маска/прекривка на лицето. Во училиштето движи се според поставените ознаки. При движење во училиштето одржувај […]