Почитувани родители и ученици,
Ве известуваме дека понеделник ( 12ти октомври) е неработен ден, заради прославување на државниот празник „ 11ти Октомври“, односно Ден на востанието на Македонија, или Ден на народното востание на македонскиот народ. Востанието било започнато против фашизмот, и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Ова востание било важен потег во борбата за самостојност на македонскиот народ.
Ви посакуваме среќен празник, а со настава започнуваме во вторник! ![]()


