- Наставата започнува во различно време за секое одделение, согласно Протоколот за изведување настава со физичко присуство и распоред за звонење.
- При влез во училиштето задолжително дезинфицирај ги обувките и рацете со дезинфекционо средство.
- При влез во училиштето задолжително носи маска/прекривка на лицето.
- Во училиштето движи се според поставените ознаки.
- При движење во училиштето одржувај физичко растојание од 1 до 1,5 метро со останатите присутни во училиштето.
- Редовно миј ги рацете со сапун и проточна вода.
- Не си ги разменувај своите предмети(молив, гума и сл) со останатите ученици во твоето одделение.
- Не се поздравувај со физички контакт со останатие ученици.
- Маската/прекривката од лице вади ја само кога ќе го јадеш својот оброк за време на големиот одмор.
- Рацете миј ги пред и после јадење, пред и после користење на тоалетот и после влегување од надвор.
- Не доцни на часовите.
- Редовно носи го училишниот прибор и биди подготвен за час пред почеток на часот.
- Внимавај и не зборувај за време на часот.
- Не јади, не пиј, не џвакај мастика за време на часот.
- На училиште доаѓај пристојно облечен.
- Не носи непотребни предмети во училиште.
- Не носи мобилен телефон во училиште.
- Чувај го училишниот инвентар.
- Се што е намерно оштетено, штетата ја плаќа сторителот.
- Грижи се за хигиената во училиштето.
- Не излегувај надвор од училишниот двор за време на наставата.
- Избегнувај конфликтни ситуации со соучениците.
- Не се обраќај со погрдни зборови.
- Почитувај ги наставниците, соучениците и другите вработени во училиштето.
ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМА ХАРМОНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО


