Работилница на тема „Прифатливо и неприфатливо однесување во училиште“

Во рамките на својата програма за работа со ученици, психологот Ивана Кметовска одржа работилница на тема „Прифатливо и неприфатливо однесување во училиште“ со учениците од III А одделение.
Одбележан Светскиот ден на книгата

На 23.4.2025 година го одбележуваме Светскиот ден на книгата. За таа пригода, наставниците по македонски јазик, како и библиотекарот на училиштето приготвија настан со активности насловен „КНИГИТЕ НЕ СЕ САМО ЗБОРОВИ НА СТРАНИЦИТЕ, ТУКУ ПРОЗОРЦИ НИЗ КОИ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИ СВЕТОВИ“. На настанот присуствуваа градоначалникот на општината, г-дин Дарко Костовски, претставници од локалната самоуправа и […]
Одбележан Светскиот ден на планетата Земја

Го одбележуваме 22ри април, Светскиот ден на планетата Земја со цртежи изработени од учениците од I В одделение.
Реализација на Велигденски базар

На 16.4.2025 година во нашето училиште се одржа Велигденски базар. Учествуваа сите ученици заедно со своите наставници. Настанот го збогатија малите играорци со убави македонски ора и песни. На базарот присуствуваше и градоначалникот на нашата општина г-дин Дарко Костовски, како и други претставници од општината.
Хуманитарна акција за настраданите од трагедијата во Кочани

Хуманоста е одлика која ја негуваме во нашето училиште. За настраданите од трагедијата во Кочани и нивните семејства беа собрани финансиски и материјални средства и истите беа донирани на Црвен Крст – огранок Чаир. Во оваа акција се вклучија родители, ученици како и вработените од училиштето.
Резултати од регионален натпревар по природни науки

Објавени се конечните резултати од регионалниот натпревар по природни науки одржан на 4.4.2025 година. Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите резултати, им посакуваме успех на учениците кои остварија пласман на државниот натпревар!
Го одбележуваме месецот за подигање на свест за Аутизам

По повод Месецот за подигање на свеста за аутизмот во нашето училиште беше спроведена работилница под мотото „Нека расте нашата свесност”, во која активно земаа учество учениците од III Б одделение заедно со одделенскиот наставник Елеонора Милошевска и образовниот асистент Јулија Ацевска. Тие ни испратија пораки за надеж.
Предавање по повод Светскиот ден на здравјето

По повод седми април, Светскиот ден на здравјето во нашето училиште се одржа предавање од доктор Марјан Шилев. Докторот на учениците од петто одделение им одржа предавање за грижа и унапредување на здравјето. Му изразуваме голема благодарност за соработката.
Упис на првачиња за учебната 2025/2026 година

Почитувани родители, Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2025/26 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу или преку скенирање на QR кодот на оваа објава. Останати документи кои се потребни за упис […]
Одржан училишниот квиз „Бутелски сезнајковци 2025“

На 27.3.2025 година по трети пат се одржа училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2025“ во организација на општина Бутел а под покровителство на Градоначалникот Дарко Костовски. Учествуваа ученици од осмо и деветто одделение, кои ги мереа своите знаења за материјал по разни наставни предмети. Координатор на квизот беше наставничката Јоана Искова, а беа присутни и претставници […]