Го одбележуваме месецот на науката

По повод месецот на науката во текот на часовите по физика, хемија, биологија и природни науки учениците изведуваа различни обиди и експерименти за покажување на различните видови движења, дејството на различните видови сили, моделираа и изработуваа молекули, играа домино со хемиски симболи и демонстрираа циркулација на екскреторен систем. Експериментите беа надгледувани од предметните наставници Јоана […]

Одбележан денот на училиштето

Под мотото „Со почит кон минатото, учиме за иднината“ нашето училиште го одбележа патрониот празник со вечерна претстава и голем број на гости од локалната самоуправа, градот Скопје, Министерството за образование, но и гости од странство како и родители и ученици. Обраќање пред присутните имаа градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и директорката на училиштето […]

Посета на претставници од ОУ „Милутин Смиљкович“ од Р. Србија

Ја продолжуваме успешната соработка со училиштето „Милутин Смиљкович“ од Р. Србија, чии што претставници денес гостуваа во нашето училиште и имаа можност да проследат дел од наставата, во придружба на директорката на училиштето и дел од стручната служба.

Одбележан 3ти декември, меѓународен ден на лица со попреченост

Учениците од IV В одделение со нивната одделенска наставничка Анета Утковска и образовниот асистент Ивана Тасевска на креативен начин го одбележаа 3ти декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, со изработка на постер насловен „Отпечатоци на инклузија – сите сме еднакви“.

Реализирана посета на инклузивна танцова претстава „Сонот на едно дете“

На 1.12.2025 година ученици од одделенска и предметна настава во придружба на нивните наставници ја проследија инклузивната танцова претстава „Сонот на едно дете“ во изведба на Eureka Dance Company. Претставата се одржа во просториите на Националната Опера и Балет.

Учество на натпревар „Ноември – месец на наука“

На 22.11.2025 година се одржа натпревар „Ноември – Месец на наука“ одржан на Природно-математичкиот факултет. Во конкуренција од над 250 учесници, нашите ученици од предметна и одделенска настава се покажаа во одлично светло со своето знаење, презентирано низ проекти и презентации по предметите биологија и природни науки. Резултатите говорат за себе, а нашите ученици се […]

Обука за безбеден интернет

На 19.11.2025 година се одржа обука на тема „Побезбеден интернет“ за ученици од седмо и осмо одделение, како и за колективот наставници, стручни соработници и образовни асистенти. На обуката беше презентирано како да се препознаат знаци на измама во онлајн просторот, на кој начин да се заштитиме додека користиме интернет содржини и каде да пријавиме […]

Учество на противпожарен квиз-натпревар

На 18.11.2025 година се одржа регионален противпожарен квиз – натпревар во организација на Противпожарен сојуз на град Скопје, на кој ученици од IX А одделение го освоија првото место. Честитки до учениците и нивниот ментор, предметниот наставник Маја Ристовска.

Одбележан Меѓународниот ден на толеранцијата

Учениците од трето одделение на часот по англиски јазик со наставничката Светлана Стојкова имаа предавање и направија изработки за Меѓународниот ден на толеранцијата, кој се одбележува на 16ти ноември.

Одбележување на ноември со „Игри без граници“

Го одбележуваме месец ноември со активности на наставниците по ФЗО кои организираат „Игри без граници“ под покровителство на Национална федерација за спорт за сите на Северна Македонија.