Изведба на едукативен партерен полигон

Учениците од подрачното училиште од Визбегово во пресрет на светскиот ден на учителите имаа работна активност заедно со нивните наставници. Тие изработија едукативен партерен полигон и истиот ќе го користат за изведување на едукативни вежби и други активности.
Свеченост во пресрет на 5ти октомври, светски ден на учителите

Во пресрет на 5ти октомври, светскиот ден на учителите, во нашето училиште се одржа свеченост со повеќе активности, каде што обраќање имаа директорката на училиштето, д-р Снежана Петреска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. На свеченоста беа поканети и присуствуваа претставници од општината, како и неколку наставници кои работеле во училиштето, а сега се […]
Одбележан 26ти септември, европски ден на јазиците

На 26ти септември се одбележа денот на европските јазици. За таа пригода, наставничката по англиски јазик Катерина Богданова одржа работилници со ученици од петто и шесто одделение, каде што заеднички истражуваа и се едуцираа за повеќе јазици од европското тло.
Изработка на макети од 3д форми

Учениците од трето В одделение на забавен начин ги изучуваат 3д формите на часовите по математика. Тие изработија разновидни макети од пирамида, коцка и триаголна призма со своите вредни раце.
Еднодневна научно-истражувачка екскурзија до ЗОО Скопје

На 28.9.2022 година беше одржана еднодневна научно-истражувачка екскурзија до Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје, каде што учениците од второ одделение во рамките на предметот природни науки се едуцираа за живеалиштата и навиките на резидентните животни во зоолошката. Учениците беа придружувани од нивните одделенски наставници.
Проектна активност по природни науки од ученици од второ одделение

Учениците од второ одделение како проектна активност по предметот природни науки изработија постери од разни видови живеалишта за риби, инсекти и животни.
Донација на училишни дидактички средства во ПОУ„Свети Климент Охридски“ Визбегово

Голема благодарност до добронамерните донатори, Елвис Мемети и Љатифе Шиковска за доставената донација во ПОУ„Свети Климент Охридски“ Визбегово. Учениците добија училишни прибори, тетратки, боички како и разновидни дидактички и едукативни материјали. Благодарност и до NGO Ambrela – Centre for Integration, Macedonia за долгогодишната соработка со нашето училиште.
Одбележување на неделата на спортот

Ја одбележуваме и неделата на спортот, преку разновидни спортски активности организирани од активот на наставници по физичко и здравствено образование.
Активности на првачињата по повод првиот ден на есента

Активот на прво одделение ни подготви забавно римување по повод првиот ден од есента! Со жолтата боја, со убоста своја, со чекор лесен, тивко ни дојде, златната есен. Добредојде ѝ посакаа нашите првачиња, кои вредно работеа со своите кревки рачиња.
Нови нагледни средства за кабинетот по биологија

Квалитетот на наставата е приоритет на училиштето, а за остварување на таа цел неопходни се современи наставни помагала. Оваа учебна година кабинетот по биологија се освежува со донација од нови нагледни средства, помагала и материјали.