Тековна релизација на два проекти „Чекор по чекор“ и „Развој на вештини за подготовка за училиште на децата со аутизам“

Во скоп на проектот од фондацијата „Чекор по чекор“ започнат минатата година, во подрачното училиште во Визбегово како и во централното се донесени и поставени нови бели табли во дел од училниците. Истовремено, нашето училиште започна со остварување соработка при проектот Развој на вештини за подготовка за училиште на децата со аутизам, со цел адаптацијата […]
Едукативна работилница во ПОУ„Свети Климент Охридски“ – Визбегово

Едукативна работилница во подрачното училиште во Визбегово. Стручната служба во придружба на директорката ги посетија учениците и заедно со наставниците изработија неколку проектни активности.
Учество на Меѓународна Конференција под организација на NGO Friends of Education

На 17ти и 18ти септември 2022 година во Струга се одржа Меѓународна Едуконференција наменета за наставници, педагози, воспитувачи, дефектолози, психолози, советници, директори и останати стручни лица. На оваа конференција активно учество имаа нашите и ваши наставници, стручната служба на училиштето, министри за образование на земјите партнери во проектот како и претставници од 10 Европски земји. […]
Уредување на кабинетот по хемија

Продолжуваме со уредувањето и прилагодувањето на кабинетите за настава. Викендов беше уреден и кабинетот по хемија за учениците непречено да ја следат наставата. Благодарност до хаус мајсторот Дејан Калиновски за вложениот труд училницата да биде навремено подготвена.
Донација на спортска опрема од Р.К. БУТЕЛ Скопје

Голема благодарност до РК БУТЕЛ Скопје за нивната донација на спортска опрема на нашето училиште и заложбата кон промовирање на спортот во општината. Со овој несебичен гест се демонстрира на вистински начин дека се цени спортувањето и здравиот развој на нашите ученици.
Посета на подрачното училиште во визбегово од страна на стручна служба

Директорката и педагогот реализираа посета на нашето подрачно училиште во Визбегово, при што беа изведени неколку едукативни активности со учениците.
Одбележување на 8ми септември, Ден на независноста

Во нашето подрачно училиште во Визбегово, ученици од II одделение, со нивната наставничка Анета Утковска изработија постер со симболите на нашата држава, знамето, грбот и химната, за одбележување на 8ми септември, Денот на независноста!
Завршена реконструкција на училници

Реконструкцијата на дел од училниците е завршена, а истите се опремени и со обновен инвентар (клупи, столици, полици за складирање) со што се овозможува процесот на настава да се одвива непречено и во подобрени услови.
Годишна програма за работа на училиштето за 2022/23 година

Годишна програма на училиштето 2022/23 година
Прв училишен ден на првачиња за учебна 2022/23 година

Денеска во училишниот двор зачекорија смело нашите првачиња, слатки ко колачиња. Знаења ќе стекнуваат, ќе учат, ќе другаруваат. Им посакуваме среќа. Како овој свечен ден, така да им биде и секој нареден! Благодарност и до нашиот градоначалник Дарко Костовски кој ги поздрави, подароци им дари и посака да ни се живи и здрави! […]