Реконструкција на тоалет за лица со попречена мобилност

На 27.3.2025 година се одржа настан на кој ја одбележуваме солидарноста како доблест и патоказ за посветла иднина. На настанот беа доделени благодарници на г-дин Љупчо Петковски, основач на фондацијата ИКРАУД за донацијата во нашето училиште, со која станавме подостапни и поинклузивни. Со оваа донација се реконструираше тоалет за лица со мобилна попреченост, со која […]
Активности за денот на пролетта

Денот на пролетта го одбележавме со низа активности спроведени од нашите ученици од одделенска настава. Нашите ученици од IV одделение со одделенската наставничка Маја Дрндаревска ги украсија паноата на нашето училиште со еколошки пораки и цртежи, додека пак бината на училиштето беше украсена од ученици од IV, V, VI и IX одделение, со помош на […]
Одбележан меѓународниот ден на реката со акција за чистење на реката Серава

По повод меѓународниот ден на реката, кој се одбележува на 14ти март, општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски организираа акција за чистење на дел од реката Серава, во која се приклучија учениците од шесто одделение со група наставници. Оваа акција беше спроведена во соработка со ООУ „Живко Брајковски“.
Одбележан денот на бројот Пи

Денес во нашето училиште се одбележа денот на бројот “Пи” со повеќе активности и квиз натпревар помеѓу учениците од предметна настава. Победниците добија слатка награда – Blueberry Pie!
Работилници по повод 8ми Март, Денот на Жената

Во пресрет на меѓународниот Ден на жената, 8ми Март, учениците од четврто и петто одделение на часовите по англиски јазик и ликовно образование изработија честитки и картички за овој празник, со намера да ги подарат на своите најблиски.
Резултати од општински натпревар по природни науки

На општинскиот натпревар по природни науки, одржан на 28.2.2025 година, нашите ученици ги постигнаа следните резултати: 𝗜𝗩 одделение – ментор Сузана Младенова Михаела Китановска – трето место Мартина Јанчевска – трето место Наила Исмаил – пофалница 𝗩 одделение – ментор Љупка Ангеловска – Таневска Илина Младеновска – трето место Калин Ристовски – трето место Јана […]
Учество на карневал „Љубански Карневал Прочка“

На традиционалното одржување на карневалот „Љубански Карневал Прочка“, нашето училиште беше претставено со тематска маска презентирана од ученици од одделенска настава во придружба на одделенски наставници и наставниците од дневен престој, при што го освоивме првото место. На нашето училиште беше врачена благодарница за особен придонес кон организацијата на карневалот.
Одржана манифестација за заштита од пожари

На 26.2.2025 година се одржа манифестација посветена на заштита од пожари, во организација на Општинскиот Противпожарен Сојуз Бутел, со покровителство од општина Бутел и во соработка со основните училишта од општината. Како домаќин училиште, беше подготвена соодветна програма со интонирање на химната на Република Македонија, драматизација, рецитал, настап со кларинет како и ритмичка изведба. Беа […]
Резултати од општински натпревар по биологија

Резултатите од општинскиот натпревар по биологија се објавени, а на учениците и нивниот ментор им посакуваме голем успех и на регионалниот натпревар!
Резултати од општински натпревар по математика

Објавени се резултатите од општинскиот натпревар по математика одржан на 31.1. 2025 година. Честитки до учениците и нивните ментори за остварените резултати и им посакуваме успех и на регионалниот натпревар!