Реализирана еднодневна научна екскурзија со учениците од III одделение

Успешно реализирана еднодневна научна екскурзија со учениците од III одделение.

Беа посетени локации во северозападниот дел од државата, односно Шарената џамија во Тетово, изворите на реката Вардар во с. Вруток и Лешочкиот манастир во с. Лешок. Учениците се запознаа со објектите од историско и културолошко значење, и имаа можност за развивање на позитивен однос кон животната средина и природните убавини.

Учениците беа во придружба на нивните одделенски наставници.