Одбележан 10 октомври, светски ден на менталното здравје

Грижата за душата почнува уште од мали нозе: Одбележан 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје во III в одделение 🧠❤️💚

 

Во рамките на одбележувањето на 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, во нашето училиште се одржа интерактивна и едукативна работилница за учениците од трето В одделение, реализирана од одделенскиот наставник Ивана Јакимовска и училишниот психолог Анета С. Ѓорѓиоска.

​Низ игра, смеа, разговор и креативни активности, малите ученици имаа можност да научат колку е важно да ги препознаваат, споделуваат и разбираат своите емоции. Преку соодветни и прилагодени техники на нивната возраст, разговаравме за тоа што значи да се биде среќен, тажен, лут или исплашен, и зошто секоја емоција е важна.

​Заедно заклучивме дека насмевката, пријателството и слободното зборување за чувствата се клучот за среќно детство и здрави деца. Менталното здравје е важно уште од првиот училишен чекор!