Изборна настава

Изборната настава се нуди во училиштето со цел да им се овозможи на учениците да ги прошрат своите знаења и да ги развијат индивидуалните способности по одредени предмети. Со воведувањето на новата концепција во образованието, се става акцент на потребите и интересите на учениците од најрана возраст со цел изразување на нивната индивидуалност и афинитети кон одредена група на предмети. Изборните предмети се бираат преку однапред одредена процедура, во која е вклучено анкетирање на родителите.

 

Изборни предмети кои ќе се изучуваат во учебната 2026/27 година се следните:

Четврто одделение

Игри за разрешување конфликти

Моделарство, креативни идеи – направи сам

   

Петто одделение

Готвење

Фудбал

   

Шесто одделение

Истражување преку виртуелни патувања

Театарот, уметност на емоции

   

Седмо одделение

Креативност и претприемништво преку ракотворби

Извидништво

Музикотерапија

 

 

Осмо одделение

Прва помош

Учам за моето здравје

Напредна музичка писменост и изведбени активности

 

Деветто одделение

Фитнес

Фотографски техники, елементи и принципи

Воведување во историјата на ликовната уметност и ликовен јазик