Реализирана четиридневна екскурзија во V одделение

Зад нас останаа четири незаборавни дена исполнети со дружење, учење, истражување и многу убави спомени.

Учениците од петто одделение имаа можност низ непосредно искуство да ги запознаат природните убавини, културно-историските знаменитости и традициите на Западна Македонија.
Го посетивме Тетово, Маврово,Дебар, Вевчани, Струга, Охрид и Битола.Учевме покрај Охридското Езеро и реката Црн Дрим, истражувавме, фотографиравме, творевме и заедно создававме спомени кои долго ќе ги паметиме.

Покрај наставните активности, учениците покажаа другарство, креативност и одговорност, а секој ден беше исполнет со насмевки, игра, песна и позитивна енергија.

Голема благодарност до сите ученици за прекрасното однесување, до родителите за довербата и поддршката, како и до наставниците кои со голема посветеност ја реализираа оваа прекрасна авантура.