Реализиран „Еко Ден“

Нашето училиште се приклучи на иницјативата покрената од МОН за спроведување на „Еко Ден“. Наставниците по биологија и природни науки, Љупка А. Таневска и Јасминка С. Вељковска подготвија и реализираа еко часови со ученици од IX и VI одделение.

Ученичката Мелани Петрова од IX Б одделение ни подготви видео презентација за Фотосинтеза и климатски промени.

На часот по природни науки, учениците од VI В одделение изведоа експерименти за природна филтрација на водата и нејзино прочистување во природата.

Линк до објавата на социјалната мрежа Facebook.