Денес со гордост го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и македонската азбука. Со учениците од предметна настава творевме, изработувавме хамери и преку креативни активности ја изразивме љубовта кон нашиот јазик.
Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и богатство што треба да го негуваме. Нека ни е честит овој значаен ден!



