Резултати од општински натпревар по физика

На општинскиот натпревар по физика, кој се одржа на 6.2.2026 година во нашето училиште, учествуваа двајца ученици од осмо одделение кои беа под менторство на наставничката Јоана Искова. Тие ги постигнаа следните резултати:

Матеј Савовски – 57 поени
Иринеј Стојчевски – 40 поени.

Учениците обезбедија пласман на регионалниот натпревар. Им честитаме и им посакуваме многу успех понатаму!