Одбележан Светскиот ден на книгата

На 23.4.2025 година го одбележуваме Светскиот ден на книгата. За таа пригода, наставниците по македонски јазик, како и библиотекарот на училиштето приготвија настан со активности насловен „КНИГИТЕ НЕ СЕ САМО ЗБОРОВИ НА СТРАНИЦИТЕ, ТУКУ ПРОЗОРЦИ НИЗ КОИ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИ СВЕТОВИ“.

На настанот присуствуваа градоначалникот на општината, г-дин Дарко Костовски, претставници од локалната самоуправа и Бирото за развој на образованието, наставници, родители и ученици.

Со говор пред присутните се обрати директорката на училиштето, Снежана Петреска. Следуваа изведби од фолклорното друштво „Плетеница“, панел-дискусија на ученици за омилени литературни дела, цитати од познати и непознати автори, доделување на пофалница за ученик кој е најредовен посетител на нашата училишна библиотека, а обраќање имаа и писателите Горјан Петрески и Крсте Велески, кои гостуваа на настанот.