Реализирана тридневна екскурзија во деветто одделение

Нашите деветтоодделенци успешно реализираа тридневна екскурзија низ Западниот дел на Република Македонија во периодот од 28 до 30 октомври. Се запознаа со убавините на тој дел од нашата земја, се едуцираа, се дружеа и забавуваа. Се вратија полни со позитивни импресии и убави спомени кои ќе ги паметат цел живот.