Со цел да се унапреди професионалниот развој на наставниците, Бирото за развој на образованието редовно организира обуки кои се од интерес за самите наставници.
На 24.6.2024 година се одржа обука „Разрешување конфликти со учениците и меѓу учениците“ во реализација на акредитираниот провајдер О3 Инвест, чии што обучувачи Александра Петровска и Александар Петровски преку примери, практични вежби и интерактивна дискусија ги доближија темите на позитивна атмосфера, стереотип, дискриминација и предрасуди, начини и стратегии на разрешување конфликт до нашите наставници, со цел истите успешно да ги применат во наставата при реализација на часовите, но и во ситуации надвор од училницата.



