Интонација на македонската химна

Денес преовладуваше жолто-црвената боја во нашето училиште. По иницијатива на Градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Дарко Костовски, секој почеток од месецот ќе се интонира македонската химна, проследена со чествување на македонското знаме и грб, симболите на нашата држава.

Обраќање пред присутните ученици, наставници и претставници од општината имаа директорката Снежана Петреска и градоначалникот Дарко Костовски, а потоа се интонираше и македонската химна. 🇲🇰