Чоколаден час по природни науки во IV В одделение

Цвеќето ќе овене, накитот ќе потемни, свеќите ќе догорат… чоколадото не се задржува толку долго за да остари.

Другите работи се само храна. Но, чоколадото е чоколадо.Чоколадото е одговорот. Но, кому му е грижа кое е прашањето?“

Така, денес, одделенскиот наставник Вера Атанасовска се погрижи и за прашањето и за одговорот на часот по природни науки што се случува со чоколадото на ниска и висока температура. Практичниот пример, особено ” чоколаден” останува како трајно знаење за учениците од IV В одделение.