Одбележан патрониот празник со вечерна претстава

Под мотото „Климентовото слово – сончев патоказ за навек“ нашето училиште го одбележа патрониот празник со вечерна претстава и голем број на гости од локалната самоуправа, градот Скопје, Министерството за образование, но и гости од странство како и родители и ученици.

Обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето Снежана Петреска и Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, кои го честитаа празникот и ни поскааа уште многу успешни денови.

Самата претстава се состоеше од низа активности подготвени од тимот наставници по македонски јазик, музичко и физичко образование како и дел од одделенските наставници. Учениците низ песни, драматизации и ритмички точки се претставија во најдобро светло.