Реализирана обука за медиумска писменост

На 15ти и 16ти ноември се одржа обука за одделенските наставници и наставниците по македонски јазик во организација на Бирото за развој на образованието и Македонскиот институт за медиуми како дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“.

Целта на обуката беше да ги подготви наставниците ефективно да го пренесат знаењето за медиумска писменост кај своите ученици.