Во просториите на општина Бутел се одржа свечена церемонија на доделување сертификати за учесниците кои учествуваа во обуките за врсничко насилство.
Здружението „Европски Соѕвездија“ и општина Бутел беа организатори на овие обуки, со кои наставниците, стручните соработници и директори беа обучени и запознаени со оваа појава во нашето општество и како да се изнајдат решенија за справување со истата.
Директорот на училиштето, Снежана Петреска и дел од наставниците беа дел од оваа церемонија каде што лично им беа доделени сертификати, а воедно и за сите останати наставници и соработници кои не беа во можност да присуствуваат.



